Top
Непишани правила за првиот состанок

Непишани правила за првиот состанок

Кога станува збор за првата љубовна средба со одредена лисчност, од минатото важат неколку непишани правила кои до денес се применуваат и не се менуваат.

  • Машкото инцира средба
    Иако денес постојат жени на кои не им е проблем да преземат иницијатива, сеуште важи правилото дека мажот е тој кој треба прв да се јави.
  • Тој одлучува за местото
    Мошне едноставно. На првите состаноци дозволете му на мажот да го направи изборот за местото на шетање или ресторанот за вечера.
  • Тој плаќа
    Не станува збор за спонзорирање, ниту пак лош маж ако не се понуди да плати. Но, не би било лошо барем на првиот состанок да остави добар впечаток и да се покаже како вистински џентлмен со добри гестови.
  • Првиот бакнеж
    Одлуката за тоа каде и кога ќе се случи првиот бакнеж, исто така би требало да биде негова. Иако повеќето мажи го чекаат самиот крај на вечерта за фамозниот момент, сепак откриваат дека спонтаните бакнежи им се послатки.
  • Секс на првиот состанок
    Не! Колку и да сте модерно ориентирани во сфаќањата, некои предрасуди едноставно не можат така лесно да се надминат. Бидете трпеливи.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>