Top
moderni_vrski

Неколку вистини за модерните врски

Во ова модерно време, излегувањето и врските повеќе не се ниту слични на оние од порано. Комуникацијата се одвива исклучиво преку смс пораки и социјални мрежи, луѓето се премногу затворени и недостапни, или пак само се обидуваат да остават таков впечаток. Прочитајте како навистина изгледаат како модерни врски.

° Личноста која е помалку заинтересирана, или само така глуми има поголема моќ во врската.
° Затоа што сакате да покажете колку сте опуштени и незаинтересирани, на пораките враќате неколку часа подоцна, а понекогаш дури и после неколку дена.
° Телефонските разговори практично исчезнуваат. Поголемиот дел од вашата комуникација е преку СМС, што е исклучително безличен начин на интеракција.
° Дали вашите постапки ќе бидат протумачени како романтични или ужасни зависи од тоа колку и се допаѓате на другата личност. Ништо друго не се земпа предвид
° Многумина сакаат само секс, и ако сте вие заинтересирани за повеќе од тоа, не очекувајте дека партнерот ќе ви соопшти на време што сака. Прво ќе го добие она што го сака и  тогаш ќе ве информира за неговите намери.
° Социјалните мрежи создаваат нови искушенија за верност. Приватните пораки и лајковите на фотките не се изневерување, но тие ја зголемуваат шансата да дојде до тоа.
° Секоја врска што ја стартувате може да прерасне во брак или во раскинување. За современите сфаќања, двата исхода се подеднакво страшни.
° Најверојатно, нема да знаете каква навистина е личноста додека не започнете врска. Луѓето имаат тенденција да не го покажат своето вистинско лице од страв да не бидат прифатени и да не изгледаат здодевно и премногу фино.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *