Top
sovrsena zena_ilike mk

Не напуштајте жена со овие особини

Ако некогаш во својот живот запознаете жена која е истовремено интелигентна, но по малку будалеста, знае што сака, но не се плаши да попушти, не дозволувајте да си замине од вашиот живот. Доколку ги има следниве особини, бидете сигурни дека вреди.

Убава е
Тука не станува збор за пропорции 90-60-90, туку на онаа посебна убавина која ја има само во вашите очи.

Попаметна е од вас
Тоа не мора да значи дека има повисок коефициент на интелигенција, туку дека вие ја сметате за интелигентна, мудра и зрела личност, а на моменти многу повеќе од самите вие. Факторот на воодушевување е тесно поврзан со љубовта, па затоа ова е важна особина.

Има добро срце
Можеби звучи како клише, но да препознаеш човек со добро срце е многу лесно. Таквата жена е мила, ја боли неправдата нанесена на другите а не само на неа, сака да се грижи и да им угодува на најблиските, постојано се обидува да ги разбере мотивите на другите.

Понекогаш е малку будалеста
Животот понекогаш е тежок, а некогаш монотон и многу предвидлив. Ако во овие вторите моменти успева да ве изненади и насмее, тогаш големи се шансите врската да трае до крајот на животот. Партнерката која не се плаши да биде забавна тогаш и кога работите се тешки е онаа со која секој маж треба да остане.

Сака со цело срце
Без разлика дали се работи за вас, родителите, пријателите, миленикот или омилената активност, љубовта и страста треба да и се гледаат во очите.

Компромисот не ја плаши
Луѓето многу често се тврдоглави. Ги сакаме работите онакви какви што се и не сакаме да се менуваат. Но, факт е дека кога сте двајца треба да се прилагодувате. Ако гледате дека таа се труди да се прилагоди и не се плаши од било каков компромис, од најситен до најголем, тогаш држете ја цврсто до себе. Денес луѓето знаат да бидат неверојатно себични, па затоа ваквите жени се богатство.

Таа ви е синоним за „дома“
Ова чувство не може да се опише со зборови и едноставно мора да го почувствувате. Многу други жени може да ви бидат привлечни, но само покрај една ќе се чувствувате дека сте токму таму каде што припаѓате.

Знае што сака
Секој човек мора да има своја енергија која го раздвижува, па жената која знае што сака е вистинско богатство. Тоа значи дека има изградени интереси и веќе оформена личност, а само како таква ќе знае да биде добар партнер.

Силна е, но женствена
Жените со цврсти ставови и мислења се оние кои се почитуваат, а не оние кои „трпат“. Онаа вистинската е силна како лавица, но тоа не ја прави помалку дама.

Добра е пријателка 
Не станува збор за жена која има 20 пријателки и од секоја бара мислење, туку за жена која има една пријателка која ја нарекува сродна душа. Токму преку овој однос објективно ќе процените како се однесува кон сите луѓе во животот, вклучувајќи ве и вас.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>