Top
odbivanje

Навики со кои ги одбивате луѓето од себе

Кога сте во потрага по потенцијален партнер, внимавајте да не се случи со своите постапки да го одбиете од себе. Без разлика дали премногу брзате, ги наметнувате вашите правила на игра или ги споменувате бившите, внимавајте!

Зборувате премногу
Дури и да сте „најдобра прилика“, со ваквото однесување сигурно ќе го одбиете од себе. Луѓето кои зборуваат премногу оставаат впечаток дека се плашат од тишина, дека очајнички сакаат да делуваат забавно, а не се ниту малку спонтани. Секако дека не треба да се ограничувате и постојано да молчите, но оставете доза на мистериозност и не ги отворајте веднаш „картите“.

Брзате
Сте запознале некој кој ви се допаѓа, сте биле неколку пати на пијалак, сте се бакнале и одеднаш сонувате за брак, деца, и заеднички дом. Форсирањето на вашиот однос е погубен и делува очајно, а дури и ако навистина му се допаѓате, може да избега од вас. На тој начин оставате впечаток како да имате свои цели кои тежнеете да ги остварите, а притоа воопшто не ви е важно за партнерот до вас. Намалете ги своите очекувања, бидете реални и читајте ги „сигналите“ кои ви ги дава другата страна.

Зборувате за бившите
Секој од нас има љубовно минато, проблеми и спомени кои сепак нѐ влечат во тоа време. Ако сакате да започнете нова врска, мора да расчистите со минатото, бидејќи е невозможно да бидете заљубени во бившиот и да започнете нова врска со чисто срце. Ако притоа постојано зборувате за бившиот партнер, на потенцијалниот партнер веднаш ќе му ставате до знаење дека сте оптоварени со минатото.

Не ви треба никој
Ако постојано потенцирате дека вашиот живот е забавен и пренатрпан со обврски, па сте си доволни сами на себе, ќе ги обесхрабрите оние кои можеби сакаат нешто повеќе со вас.

Премногу сте чувствителни
Ако подолго време сте биле сами или сте завршиле врска во која сте ја изгубиле самодовербата, како честа последица се појавува пречувствителноста. Неможност да се пошегувате на вашата сметка, пасивна агресија или претерано фалење делуваат незрело и потполно непривлечно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>