Top

Нашата приказна

Како ли ќе заврши оваа наша приказна? Покрај толку многу заплети, интриги и завери против оваа љубов? Дали ќе има среќен или тажен крај? Дали ќе бидеме задоволни од него или разочарани?

Можеби еден ден на овие наши заеднички мигови ќе се сеќаваме со насмевка на лицето. Можеби ќе почувствуваме силна болка во градите. Но, сигурно ќе остави некаква трага од нас. Од оние моменти поминати заедно. Понекогаш случајно или намерно ќе се сетиме на есенските проштеки, на долгите разговори и нежни погледи врз расфрланите жолти лисја. И можеби ниту една наредна есен нема да ни изгледа убава за прошетка, па поголемиот дел од неа ќе го поминеме сами. Зимата што доаѓа ќе ни изгледа премногу студена, што нема да имаме желба за ништо. Сигурно студот ќе те потсети колку ти недостасувам јас и мојата прегратка. Но, не сакам да размислувам како би течел животот без тебе. Сакам да уживам во сегашноста. Зошто воопшто мора да има крај приказнава? Всушност, велат секој крај е нов почеток. Како и да заврши се, каков и да биде крајот ние двајцата заедно ќе создадеме нов почеток. Почеток на нешто поубаво и посилно. Секој обид да не разделат, да ја разнишаат нашата доверба еден во друг, завршува со голем неуспех за нив. А започнува со голем успех за нас и со поголема сила се држиме цврсто за раце. Со уште поголема сила и желба ќе ја браниме нашата љубов и ќе продолжиме заедно каде и да наидеме на препреки.

Нашата приказна е посебна. Посебен си ти, како и оваа љубов што ја чувствувам за тебе. Секое поглавје е со многу случувања, луѓе, за нас важни или неважни. Но главните ликови сме ние и само од нас зависи секое наредно поглавје и тек на приказната. А главните ликови обично на крајот завршуваат заедно и среќно.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Нашата приказна” : Драгана Стојановска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>