Top
par

Најголемите машки стравови од бракот

Бракот е животна фаза во која партнерите започнуваат нова, посилна и поинтимна фаза во животот. Жените за сето тоа сонуваат од мали, а помислата на брак кај мажите може да предизвика страв, нервоза и трема. Според едно истражување спроведено на примерок од женети мажи е докажано дека повеќето припадници на посилниот пол имаат слични стравови од бракот.

„Се плашам дека ќе водиме љубов многу поретко“
Најголем страв за мажите е губењето на сексуалниот „апетит“ и поретко водење љубов отколку вообичаено. Сексот нема никаква врска со бракот, односно без разлика дали вашата врска е озаконета или не, страста треба да се одржува на високо ниво. Имајте на ум дека сексот ослободува од стрес, ја зголемува циркулацијата и ослободува хормон на среќа.

„Што ако наидеме на ненадминливи животни препреки?“
Животот е исполнет со подеми и падови. Болести, смртен случај или финансиска криза се само дел од проблемите кои може да ја „занишаат“ стабилната врска. Но токму тие нешта во многу случаи ги зближуваат партнерите, а после нив тие стануваат поблиски и поискрени, и нивната врска посилна.

„Што ако престанеме да се привлекуваме?“
Кога мажот избира жена со која сака да го помине остатокот од својот живот, тоа не е случајно и нешто безначајно. Ако сакате да бидете сигурни дека мала искра на привлечност која ќе трае долго, треба да вложите малку труд во врската. Повременото давање комплименти и приредувањето на изненадувања кои секако ќе завршуваат со многу страст се многу важни.

„Што ако всушност не сме сродни души?“
Поимот „сродни души“ постои само во филмовите. Никој од нас не е осуден да може да биде среќен само со една личност. Во текот на животот ќе запознаете многу квалитетни луѓе со кои имате многу заеднички нешта. Помеѓу нив се наоѓаат и оние со кои ќе сакате да го поминете животот. Но, тоа не значи дека во вашата врска вечно ќе цветаат ружи, туку дека покрај себе имате личност со која можете да ги делите сите добри и лоши моменти.

„Што ако сме два потполно различни света?“
Бракот е вториот чекор во врската. Првиот чекор го чини фазата на запознавање во која партнерите уживаат во заедничкото присуство и малку по малку почнуваат да ја отвораат својата душа. Токму во таа фаза ги откриваат своите планови, желби и животни цели. Отворените и искрени разговори се единствен начин во потполност да запознаете некоја личност и да сфатите што мисли и чувствува.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>