Top
seks

Најчестите секс желби на мажите

Жените постојано анализираат, донесуваат една одлука, па потоа се премислуваат. Кога станува збор за мажите и за нивните желби и потреби, нештата стануваат уште покомплицирани. Воопшто не е чудно што постојат цели книги, стотици илјади статии и истражувања за машкото однесување. Но, понекогаш предолгото размислување и навлегувањето во деталите може само да нè оддалечи од очигледниот одговор.

Сексуалните потреби и желби на мажите кријат одредена мистерија, но сепак постојат некои работи кои сите мажи ги посакуваат.

Мажите сакаат разновидност
Повторувањето воопшто не е возбудливо или привлечно. Ако тој има омилена поза, тоа не значи дека секогаш треба ја избирате неа кога сакате да го оставите без зборови. Внесете разновидност во стилот, времето и местото. Ако имате секс само навечер, време е да ја откриете убавината на утринскиот секс. Ако ја користите само спалната соба, време е да останете во кујната и не мора да завршите со оброкот за да се фрлите во страстна прегратка.

Мажите сакаат да гледаат
Се разбира дека мажите обожаваат да гледаат. Токму поради тоа се обожаватели на порно филмовите. Наједноставен начин да му го доставите ова задоволство на вашиот партнер е да имате секс пред огледало. Бидете сигурни дека ќе биде повеќе од возбуден додека ве гледа како уживате. Ако сте похрабри и послободни пред него, изненадете го со самозадоволување.

Мажите сакаат да бидат изненадени
Не треба да чекате да дојде неговиот роденден за да му приредите секси настап со еротски танц. Изберете најобичен ден и подгответе му неочекувано жешко изненадување. Ако сте во долга врска, добро знаете колку може да биде возбудлива спонтаноста.

Мажите сакаат секс наутро
Разбудете го со страстни бакнежи, расположени за водење љубов. Истражувањата покажуваат дека најголем процент од мажите на прво место би сакале да бидат изненадени со секс уште додека не се расонети, на второ место додека се тушираат, а на трето место – на прагот на домот кога се враќаат од некаде.

Мажите сакаат понекогаш вие да ја преземете контролата
Речиси секогаш мажите сакаат да покажат доминантност во спалната, но понекогаш сакаат само мрзеливо да лежат и да уживаат во она што го гледаат и она што го чувствуваат. Подарете му нежни бакнежи по целото тело и поза „кралица“.

Мажите сакаат „диви љубовници“
Многу жени се плашат да бидат малку подиви под чаршафите. Доколку веќе добро се познавате со партнерот, воздржувањето во сексот не само што нема да ви помогне, туку може и да ви наштети. Бидете поавантуристички настроени. Покажете му колку уживате во сексот со него, иницирајте почесто секс, бидете гласни, правете потези кои ќе го изненадат и ќе му го поматат умот.

Мажите сакаат сексот да е авантура, сакаат да експериментираат
Според истражувањата, најголем дел од мажите сакаат да пробаат на прво место секс во тројка, на второ место секс на јавно место, а на трето сакаат да снимат секс видео со својата партнерка.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>