Top
maska laga

Најчести лаги кои мажите им ги кажуваат на жените

Мажите имаат навика да кажат по некоја лага за да избегнат кавга или да се „спасат“ од женското испрашување. Ова се најчестите мали лаги кои можете да ги слушнете од партнерот, а кои ги кажува само за да избегне конфликт со вас.

„Се напив само едно пиво“
Кога е излезен со пријателите и со нив се запил додека вие го чекате, тој нема да сака кога ќе се врати да го дочека вашиот лут тон на глас па на прашањето „каде беше“, „со кого пиеше?“. Затоа ќе ви каже дека испил само едно пиво. Вие знаете дека не е така, но едноставно не можете за тоа да му се налутите.

„Никогаш не гледам во други жени“
Ова со сигурност е лага. Кога ќе помине убава и згодна девојка дури и женскиот поглед се насочува кон неа. Но, тоа не значи дека тој е подготвен да ве изневери.

„Да, потполно си во право“
Дури и кога не сте во право, тој многу често ќе го каже тоа што не го мисли само за да си ги сочува нервите, а на вас ќе ни го каже тоа што сакате да го слушнете.

„Ми се допаѓа твојата мајка“
Неговата мајка го тестира, скенира и проверува дали е доволно добар за нас, но сепак ќе каже дека таа е супер за да не ве повреди.

„И јас те сакам тебе“
Љубовта е комплицирана и сите ја сакаат но не се сите способни да ја изјавуваат. „Те сакам“ не значи за секој исто, тоа може да значи дека е вљубен во вас, но може да значи дека само му се допаѓате, а не и дека не вака во вистинската смисла на тој збор.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>