Top
in-bed

Најчести грешки кои жените ги прават во сексот

За добар секс најважно е да постои хемија помеѓу мажот и жената. Но, тој бара и комплетен анагажман на двајцата партнери. Жената може да го упропасти сексот со пасивен став, срам и очекување дека тој треба да ги прочита нејзините мисли.

Срам и непријатно чувство
Грижата за изгледот е карактеристична за сите жени, а особено се изразува при сексот со нов партнер или откако жената малку се здебели. Избегнување одредени пози кои го истакнуваат целулитот, стомакот и слично, не само што нема смисла, туку и ја убива спонтаноста во сексот. На мажите, како и на жените најпривлечна им е самодовербата на партнерот. Во секси сценариото не би требало да има сериозни мисли.

Погрешни претпоставки
Една од најчестите грешки на жените се општествените стереотипи, како на пример дека мажот е оној кој треба да иницира секс или верувањето дека мажот секогаш е расположен за секс. Партнерката која воопшто не иницира секс со текот на времето партнерот ја доживува како помалку страствена, но и ќе се запраша дали тој воопшто сѐ уште ја привлекува, а тоа не е темел за добар однос.

Молчење
Мажите сакаат задоволството во креветот да биде обострано. Поради тоа, тие имаат поголем притисок бидејќи статистички, побрзо постигнуваат оргазам. Партнерката која не кажува што сака, а што не сака, никогаш нема да биде задоволена. Секако дека не треба постојано да дава упатства, но повременото испуштање звуци на уживање може многу добро да влијаат врз партнерот.

Се лути ако мажот предложи нешто ново
Сексот може да биде навистина креативен, разновиден и непредвидлив, но за тоа се потребни малку волја и желба за експериментирање. Жените кои го одбиваат секој предлог на мажот, полека но сигурно го прават сексуалниот живот здодевен. Погрешни се претпоставките дека тој предлага новини во сексот бидејќи до тогаш сексот му е здодевен.

Пасивност
Инсистирање на една секс поза, очекување дека тој ќе ги води движењата и очекување од него да доминира создава впечаток на незаинтересираност на партнерката која не ужива. Сексот треба да биде активност во која двајцата партнери се рамноправни и подеднакво активни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>