Top
baknez

Надминете ги најчестите љубовни грешки

Кога ќе дојде до некој проблем со партнерот, сигурно мислите дека постои несовладлива пречка помеѓу вас, но тоа не е нешто нерешливо.

Тој се уште се гледа со својата поранешна девојка
Почнавте да се гледате и се беше совршено, се додека не дознавте дека тој сепак уште се гледа со неговата поранешна девојка. Немојте веднаш да паничите и не избрзувајте со заклучоци. Наместо тоа, разговарајте искрено и прашајте го зошто се уште комуницира со неа. Можеби останале пријатели или пак имаат некој заеднички финансиски проблем кој останал иако врската прекинала. Во одредени случаи воопшто не е оправдано да се гледа со поранешната девојка – на пример доколку му кажете дека тоа ве повредува.

Тој не сака врска
Многу често мажите го велат ова бидејќи сметаат дека тоа е нешто кое сите мажи го кажуваат. Тие често се плашат од врска и сакаат да имаат слобода да излегуваат со различни девојки, но тоа трае се додека не ја најдат вистинската. Тогаш постои само таа и ниту една друга на светот за нив. Дури и ако на почетокот велел дека не е спремен за врска, дадете му шанса да го промени милењето. Кога ќе го ослободите од сите притисоци ќе сфати дека не му требаат различни девојки туку му требате вие.

Тој е срамежлив
Многу девојки се жалат дека момците се срамат да им пристапат и посочуваат дека им недостасува старомодниот начин на кој мажите се додворуваат. Ви го бара бројот, организира совршен состанок, симнува ѕвезди, ве испраќа до дома и ве бакнува за добра ноќ. Експертите велат дека мажите, колку повеќе жени имале во животот толку повеќе знаат како да се однесуваат со нив.

Немате ништо заедничко
Ако имате повеќе заеднички интереси, тоа може да ве зближи, но не и да ја одржи вашата врска во живот. Недостатокот од разноликост ќе направи вашата врска да се задуши во монотонија. Не попусто кажале дека спротивностите привлекуваат, најбурните и најстрасните врски се помеѓу личности кои се тотално спротивни.

Постои голема разлика во годините
Забавен, паметен, интересен и ве прави неверојатно среќна, но има нешто што ве копка одвнатре. Тој е 10 години постар од вас. Иако мислите дека можеби ве смета за мало неискусно девојче и дека му служите само за да си помине убаво, најверојатно грешите. Следниот пат кога ќе се видите, разговарајте отворено околу возрасната граница, можеби и тој е загрижен дека вие мислите дека е премногу стар за вас.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *