Top
ljubov (2)

Начини на кои ќе ја освоите секоја девојка

Во која мера мажите се привлечни во очите на една жена не зависи само од физичкиот изглед. Ако сакате да бидете неодоливи, важно е како и што зборувате, колку и какви пријатели имате. На следниве начини ќе ја освоите секоја девојка која ќе ја посакате.

Бидете интересни
Тоа не значи дека треба да глумите кловн, но многу истражувања покажуваат дека на жените им се попривлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Во една студија, психологот ги замолил мажите на своите пријатели да им кажат некоја шега, додека жената седи на маса покрај нивната – оние кои кажувале шеги, имале три пати поголеми шанси да добијат телефонски број од девојката. Антропологот Џил Грингрос вели „Објаснувањето за тоа што жените ги сметаат за попривлечни духовитите мажи е можеби во тоа што тие ги сметаат за подруштвени и поинтелегентни, а тоа се особини кои жените ги сакаат кај партнерот“.

Опкружете се со пријатели
Сосем е логично дека никој не сака луѓе кои не се пријателкси расположени. Една студија од 2014 година спроведена на Универзитетот во Калифорнија, открила дека луѓето кои се наоѓаат во група, ги сметаме за поатрактивни. Експертите објаснуваат дека кога ќе ги видиме луѓето во група, нивните лица ни изгледаат „просечно“, односно атрактивно.

Заборавете ги фразите
Студијата која ја спровел психологот Артур Арон на Универзитетот во Њујорк, покажува дека луѓето кои се директни, кои ги прескокнуваат фразите и „воведните разговори“, ги сметаме за попривлечни.

Бидете „главни“
Луѓето ги привлекува моќта. Една студија спроведена во 2014-та година, покажала дека луѓето мислат дека „лидерот“ на групата е поатрактивен од членовите во неа. „Оваа студија покажува дека привлечноста не е врзана само за физичкиот изглед, дека тоа не е нешто статично“, вели авторот на студијата, Кевин Книфин.

Повеќе да се смеете
Во два различни експерименти, истражувачи во Швајцарија ја испитувале врската помеѓу привлечноста и смеењето. Резултатот на експериментот бил – колку повеќе се смее, толку лицето е поатрактивно. Уште повеќе, насмевката ги затскрива помалку привлечните црти на лицето.

Бидете љубезни
Кога некој е пријатен, љубезен, веднаш имате подобро мислење за него. Токму тоа го докажала и студијата спроведена во Кина во 2014-та година кога луѓето ќе слушнат како некоја личност му помогнала некому, колку е добра и фина, таа личност ја сметаат за попривлечна.

Чувајте милениче
Жените сметаат дека мажите кои имаат домашно милениче, особено куче, се подобар избор за сериозна врска. Грижата за домашно милениче на дамите им дава сигнал дека мажот е подготвен за обврски, дека не е себичен и дека е посветен. Исто така, сметаат дека таквите момци се поопуштени, подостапни и посреќни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>