Top
najdobar seks

На која возраст од животот сексот е најдобар?

Кога станува збор за сексот, секој период од животот има предности и недостатоци. Според мислењето на многумина, истиот завршува во 40-тите години, но сексуалниот терапевт Трејс Кокс вели дека не треба да очајувате.

Тинејџерски години
Во овој период од животот постои голема сексуална возбуда, поради тоа што сексот е една нова фаза во животот. Првиот оргазам кој се доживува токму во овој период се памети вечно. „Првиот пат“ се поврзува со губење на невиност, неисполнети очекувања, болка и слични непријатности.

Дваесетти години
Години на вљубеност, страст и редовен секс, кога многу се екперментира и се усовршува самиот чин, се токму 20-тите години. Во овој период ризикот од полово преносливи болести инфекции е најголем.

Триесетти години
Најчесто овој период од животот го карактеризира создавање на семејство, а сексот во бременоста може да биде супер. Ова се години кога луѓето најмногу го познаваат своето и телото на својот партнер, а добро ги познаваат и сексуалните желби. Некои од негативните страни на сексот во овие години се монотонијата, но и недостатокот на секс кој доаѓа како резултат на повеќе работни и домашни обврски.

Четириесетти години
Децата се веќе пораснати, а нивните родители имаат време повторно да ги остварат своите сексуални фантазии и да експериментираат. Блискоста е многу голема, а тоа гарантира добар секс. Како најголем недостаток кој се појавува кај мажите е проблем со ерекцијата.

Педесетти години
Кога се зборува за овие години, мислењата се поделени. Некои велат дека важно е да се има вистинскот партнер и да се има правилен став кон сексот. Други пак, велат дека во овие години луѓето го доживуваат најдобриот секс, бидејќи сè уште се во добра кондиција, немаат никакв комплекс, имаат повеќе слобода и помалку проблеми. Најголем недостаток се менопаузата кај жените здравствените проблем кај мажите, што се одразува на сексуалниот живот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>