Top
Razvod

Митови за разводот и бракот во кои не треба да верувате

Митовите за развод се толку присутни во нашето општество, а освен тоа бракот сеуште е табу тема. Постојат неколку заблуди за разводот во кои луѓето веруваат.

Половина бракови завршуваат со развод
Митот дека 50% од браковите пропаѓаат е застарена информација, која била актуелна пред 40 години. Истражувањата покажаа дека во 90-тите години, 70% од браковите биле успешни, а денес, бидејќи луѓето се венчаат подоцна, носат позрели одлуки. Оттука доаѓа и помалиот процент на разводи.

Развод и влијанието врз децата
Според истражувањата, разводот може да биде стресен за децата, но не може да им наштети или да влијае на нивниот понатамошен психолошки развој, ниту приближно негативно како да продолжиле да живеат со двајцата родители кои постојано се караат. Бројни студии покажаа дека на децата им е потребна стабилна и мирна средина, без разлика дали родителите живеат заедно или не. Клучно е родителите да се согласат и да бидат присутни во животот на своите деца, без оглед на разводот.

Разводот е неуспех
Многу луѓе, по разводот, имаат посреќен и здрав живот. Затоа, разводот во никој случај не е неуспех.

Заедничкиот живот пред брак ги намалува шансите за развод
Студија од 2014-та година на Универзитетот во Јужна Каролина покажа дека кога партнерите живеат заедно пред бракот тоа не влијае на квалитетот на самиот брачен живот. Што значи дека овој чекор пред свадбата, не обезбедува долгорочен брак.

Неверство и развод
Спротивно на многумина, неверството не е најчеста причина за развод. Има многу парови кои останале во брак и покрај изневерувањето.

Незадоволство
Бракот не е секогаш лесен. Понекогаш бара многу енергија, разбирање и комуникација. Ако сме незадоволни од еден сегмент од бракот, тоа не значи дека разводот е неизбежен, ниту дека е невозможно партнерот и вие да работите на сегментот од кој сте незадоволни за да го поправите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>