Top
Најголеми митови за машките и нивната сексуалност

Најголеми митови за машките и нивната сексуалност

Колку пати до сега сте слушнале дека мажите без престан мислат на секс? Или дека големината на машкото стапало е гаранција за големината на машкиот полов орган? Во продолжение неколку научни согледувања за овие општонародни претпоставки.

Мислат на секс во текот на целиот ден
Сигурно сте ја слушнале оваа реченица и фактот дека машките помислуваат на секс секои седум секунди. Испитувањата на еден институт покажаа дека 53% од машките мислат на секс секој ден, но дури 43% од нив на истото помислуваат неколку пати во седмицата. 4% од испитаниците не помислуваат на секс ниту еднаш во месецот.

Машките не се комуникативни
Постои истражување кое тврди дека женските во текот на денот изговараат повеќе зборови отколку машките. Но, многумина го негираат ова тврдење и велат дека токму машките се оние кои зборуваат повеќе.

Не се расположени за врска
Ова е еден од најчестите изговори на жените штом бидат оставени од мажот. И апсолутно неточен.
Истражувањата велат дека 80% од припадниците на посилниот пол се секогаш расположени за врска, а само 20% стравуваат од ваквиот тип на обврска.

Се плашат да го направат првиот чекор
Оваа реченица се смета дека ја измислиле жените кои имаат прикриен страв да му пријдат на некој маж, или пак, кои честопати доживеале пораз по однос на ова прашање.

Големината на стапалото е предзнак за големината на пенисот
Најновите истражувања кои доаѓаат од Лондон тврдат дека големината на стапалото на мажот или неговата дланка немаат никаква врска со големината на неговиот пенис. Уште еден чист мит.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *