Top

Грешки кои мажите ги прават во кревет

Многу од мажите одбиваат да прифатат дека постојано ги повторуваат истите грешки во кревет. Можеби искуството е корисно, но не е доволно. Еве ги најчестите грешки кои мажите ги прават во постела.

Грешка број 1: Знам како да ја задоволам секоја жена
Мажите многу често веруваат дека начинот на кој задоволиле некоја жена може да помине и кај секоја друга. Тоа е погрешно, бидејќи секоја жена сака различни нешта и се задоволува на различни начини. Телото на секоја жена реагира различно. Со секоја партнерка во кревет треба да бидете вистински „детектив“. Се разбира, со нејзина помош, со текот на времето ќе откриете како да ја задоволите на вистински начин.

Грешка број 2: Состојба на умот – ерекција, предигра, пенетрација, оргазам
Фазите во сексуалниот чин на секој маж се: ерекција, предигра и пенетрација, а главната цел е оргазам. Целото наше тело е ерогена зона. Набљудувајте го телото како мапа и истражувајте ја целата територија. На пример, некои жени доживуваат оргазам и само со стимулирање на брадавиците. Не треба да се фокусирате само на оргазам, бидејќи постои можност и да не се постигне. Некои мажи дури и се вознемируваат ако жената не доживеала оргазам, бидејќи тоа им е главната мисија, и во тој случај форсираат и вршат притисок. Но, за жените сосем е во ред ако не доживеат оргазам при секој сексуален чин. Тоа не значи дека не уживале во сексот. Освен тоа, многу жени ги сакаат секс играчките. Покрај вообичаените фази во сексот, оставете место и за други работи во кои и двајцата ќе уживате.

Грешка број 3: Споредба и очајување
Голем дел од мажите имаат нереални верувања и очекувања во однос на прашањето колку често треба да имаат секс, споредувајќи се со другите. Тоа може да доведе до фрустрација и незадоволство во врската. Мажите имаат потреба да се споредуваат со други мажи и убедени се дека сите други имаат повеќе секс од нив. Но, тоа едноставно не е вистина и не постои точен одговор на прашањето колку често треба да имате секс, ниту пак постои норма за тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>