Top
mazite sakaat

Мажите сакаат забранети и недостижни жени

Мажите не поставуваат прашања кога сексот им е во прв план, но кога станува збор за љубов тука ситуацијата е малку поинаква. Често паѓаат на девојки кои ги запознале на одмор, на оние кои случајно ги сретнале, љубов од детството – онаа вистинската.

Љубов од детството
Сите сте ја имале првата љубов уште во основно училиште – со држење за рака и енигматични погледи. Освен тоа, сите ние сме го поминале и оној ужасен момент на прво раскинување.

Љубов од филм
Секој маж барем еднаш во животот бил заљубен во некоја филмска ѕвезда, а со години само се менуваат опциите.

Згодна колешка од работа
Повеќето мажи никогаш не би признале дека колешката ги оставила без зборови, но заљубеноста на работа е сосема нормална, бидејќи таму поминуваме многу време. Многу љубови дури и се остваруваат, иако за повеќето мажи најчесто тоа останува само желба додека заљубеноста не помине.

Заљубеност при случајна средба
Овој момент може да се случи било каде – на каса во продавница, во паркот или во автобус. Во моментот кога ќе ја погледне, мажот сфаќа дека има некоја магична привлечност. Уште ако се воспостави и контакт со очите…

Љубезна девојка
Мала љубовна занесеност која доаѓа поради подарено внимание може да биде потполно погрешна. Најчесто мажите се „залажуваат“ дека келнерката, продавачката или медицинската сестра го шармирала, а тие се веќе навикнати на оваа комуникација и не чувствуваат никаква привлечност. Добро размислете пред да тргнете во акција и обрнете внимание на тоа како се однесуваат кон другите.

Таа вистинската
Понекогаш ви се чини дека сте ја нашле жената на својот живот, само што сте ја погледнале. Но, бидете трпеливи и почекајте прво добро да ја запознаете.

Опасна девојка
На секој маж барем еднаш во животот му привлекла внимание опасна девојка чии тетоважи и пирсинг неодоливо ѕиркаат под облеката.

Романса на одмор
Годишен одмор, лето, плажа – има ли подобар момент да се препуштите на страстите? Воопшто не размислувајте што ќе биде после, бидејќи не сте од ист град или држава. Едноставно, уживајте!

Забранета љубов
Ова е мачен тип на заљубеност , бидејќи најчесто постои доволна доза на морал да не се обидат да ја превземат девојката на својот пријател или да заведат мажена жена.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>