Top
nesreken-par

Мажи со кои не можете да планирате иднина

Ако сакате вашата врска да успее, мора да останете доследни на себе и да ги зачувате своите ставови. Компромисот е услов за среќен емотивен однос, но не смеете да си дозволите да се изгубите себеси, особено ако вашиот партнер го бара тоа од вас!

Ако партнерот ве замоли да направите промена во вашиот изглед, работа, хоби или некоја друга навика, тоа е знак дека тој не е за вас. Едноставно кажано, љубовна врска треба да се гради на многу подлабоки темели. Нема место за површност во љубовта, а личноста со која се забавувате треба да ве сака онакви какви што навистина сте. Постојат некои работи кои не треба да ги менувате само затоа што вашиот партнер има желба да се промените:

° Да ја жртвувате кариерата
° Да го промените друштвото
° Да бидете на диета или да јадете повеќе само бидејќи тој така повеќе би ве сакал
° Да си го менувате темпераментот и карактерот на сила
° Да се откажете од своето хоби

Врската помеѓу две лица треба да се базира на доверба, поддршка и прифаќање. Ако вашиот живот не му одговара на вашиот партнер и тој инсистира на промени, тој едноставно не е подготвен да ве сака безусловно, и тоа во никој случај не значи дека тој е лицето со кое треба да планирате иднина.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>