Најчесто луѓето многу очекуваат, а воопшто не ги забележуваат нештата кои им се наоѓаат пред очи. За да имате среќна врска не ви требаат многу работи, туку едноставно треба да се навикнете да внимавате на деталите. Така од ситните нешта кои секојдневно ќе ги практикувате вашата врска ќе прерасне во здрава и цврста врска.
Секогаш бакнувајте се пред да си заминете
Најнапред тоа е преслатко, а освен тоа покажувате дека се грижите за него и дека ви значи. Ништо не ве чини да го бакнете, а добивате многу за возврат!
Разговарајте
Проблемот е генерално што никој не прави муабет со никого. Како сакате да имате здрава врска ако не разговарате, најпрво за секојдневни муабети (како ви поминал денот), а потоа и за нешта кои ја доведуваат вашата врска во фокусот на темата. Зборувајте!
Кажувајте си колку се сакате
Иако знаете за постоење на врски за кои сметате дека се совршени сепак знајте дека и тие поминуваат низ кризи. Сите ние сме луѓе и низ главата ни поминуваат илјадници мисли. За вие и вашиот партнер полесно да поминувате низ сомнежите кои ви се јавуваат и негативните мисли, кажувајте си дека се сакате – тоа ќе ви помогне полесно да ги тргнете овие деструктивни мисли.
Изненадувајте се меѓусебно
Независно дали се тоа вечери, слатка порака на бирото, колаче или едноставно неочекуван бакнеж во вратот – направете нешто што нема да очекува и изненадете го. Така ќе покажете дека внимавате на него и вашата врска.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!