Top
Лоши навики при сексот

Ослободете се од лошите навики при сексот

Најчесто проблемите со ерекцијата не се физички, туку психички. Непостигнување на ерекција многу ретко е последица на здравствен проблем, тоа повеќе е проблем на ситуацијата и на она што се случува во главата на мажот.

Вознемирувачко самонабљудување“ – така го нарекуваат сексолозите.

Слабоста да се потценуваме дека сме неадекватни завзема прво место на листата на причините за еректилна дисфункција. Комбинирана со „нездрави“ навики, оваа слабост е најголемиот непријател на мажот. И тука таблетите за секс нема многу да помогнат, ако не си помогнете сами.

Еве некои лоши навики кои можат да се претворат во непознат непријател на доброто претставување:

  • Гледате на сексот како на секојдневна обврска
    Ги платив ли сметките? Наточив ли бензин на колата? Имав ли секс?
    Дали илјадниците одговорности и запоставување на сопствените потреби го претвориле сексот во нешто што „мора да се направи“? Сега е моментот да се ослободите од оваа стапица.
    Препуштете им се на партнерката и сексуалниот чин како вистински маж – исклучете се од надворешниот свет. Убава када, страстна музика, безрезервна љубовна игра, сето тоа помага за позитивно расположение.
  • Сте нашле формула за успех
    Погрешното сфаќање, испитаниот начин е најсигурен, може да ве заведе. Доколку сексот се претворил во рутинска работа која ја правите на иден ист начин секојпат, тогаш ефектот ќе опадне. Експериментот е ризик, но оправдан.
  • Сте станале мрзлив љубовник
    Добивате ли повеќе отколку што и давате на партнерката? Бидете искрени во одговорот! И ако одговорот е „да“, превземете веднаш мерки. Уште следниот пат.
  • Дозволете си излив на интимност
    Како маж, можеби и да не правите разлика помеѓу страст и интимност, но бидете сигурни дека жените прават. Интимноста вклучува нежност, внимание, романтика. Три клуча за женската душа за кои ќе бидете наградени со врвно сексуално уживање.

Автор: Д-р Дарко Стојановски




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *