Top
flert

Љубовта настанува за 8 секунди

Ако машкиот поглед остане подолго прикован на жената кога ќе ја забележи за прв пат, тоа значи дека тој е повеќе заинтересиран за неа.
Доколку погледот трае само 4 секунди, тогаш може да се каже дека таа не го импресионирала многу. Ако неговиот поглед се фокусира 8,2 секунди, тоа сигурно значи дека девојката успеала да го освои на прв поглед.

Меѓутоа, овие правила не важат кај жените. Жените во принцип погледот кон мажот можат да го задржат и повеќе од 8 секунди, но тоа не значи дека им се допаѓа.

Во ова истражување научниците користеле скриени камери за тајно да го следат движењето на погледот на 115 испитаници, додека разговарале со актери и актерки, а потоа требале да ја оценат привлечноста на своите соговорници.

Мажите гледале во очите на актерките кои им биле привлечни подолго од 8,2 секунди, а оние кои помалку ги привлекувале успеале погледот да им го задржат само 4,5 секунди.
Додека пак жените подеднакво долго ги гледале актерите кои им биле привлечни, а и оние кои не ги привлекувале.

Научниците овие резултати ги објаснуваат со тоа што мажите го користат погледот за да пронајдат потенцијално плодни потенцијални партнерки. Од друга страна, жените мораат да бидат многу повнимателни со привлекување на машко внимание, бидејќи не им е целта да згрешат и да одгледуваат деца како самохрани мајки. Токму затоа припадничките на понежниот пол ги “скенираат” мажите подолго.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *