Top
silna_zena

Љубовни грешки кои силните жени не си ги дозволуваат

Постојат чекори во љубовта силните жени едноставно никогаш нема да си ги дозволат, бидејќи самите се свесни колку вредат.

Нема да му се вратат на бившиот само затоа што се чувствуваат осамено
Силните жени никогаш не се враќаат на старо, особено ако станува збор за мажот кој не им донел никакво задоволство и среќа во животот. Можеби вашиот бивши ви дава знаци дека е заинтересиран за да се смирите, но во такви моменти само присетете се зошто сте ја прекинале вашата врска.

Немаат потреба намерно да го прават љубоморен партнерот
Во младоста сигурно сте биле подготвени да направите многу работи, за да го придобиете вниманието на партнерот и да го направите љубоморен. Но, сега не треба да си ги дозволувате тие игри. Мала доза љубомора секогаш е здрава, но само кога е во прашање „природната“ реакција. Долгорочното намерно предизвикување љубомора не е добро ниту за една врска.

Не го чекаат неговиот повик или порака
Чекањето повик или порака од него, не е одлика на силните жени. Никогаш не чекајте никој и секогаш гледајте напред. Вие заслужувате маж кој ќе сака да ве слушне и да разговара со вас, а не некој кој ќе си игра со вашите чувства и ќе ве тера да го чекате.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *