Top
Zaednichko_tushiranje_iLike_mk

Водењето љубов под туш може да биде непријатно искуство

Една од честите идеи и сексуални фантазии е да испробате водење љубов под туш. Некои тоа никогаш не го пробале, туку само фантазираат и жалат што немаат прилика или ја пропуштиле. Дедка пак, некои го искусиле ова задоволство и имаат различни коментари а најчесто и не се толку позитивни.

Кога размислувате за тоа, може да делува привлечно, секси и возбудливо. Движења со саканата личност, цеклосно чисти, телата мазни и облеани со сапуница, под топла вода…

Ова може да делува возбудливо и пријатно. Меѓутоа, самиот сексуален чин може да биде малку и проблематичен. Сè се лизга, што значи може да постои прилична опасност од тоа да паднете, да се удрите кога кадата, чешмата и плочките и не се некоја мека подлога. Покрај тоа, целата работа може да биде и физички доста напорна, како што и обично е сексот во стоечка положба, поради неопходноста на совпаѓање на висината како што треба – освен ако висините не ви се максимално погодени, положбата за мажите е изразито неудобна и напорна, што ја зголемува дополнително опасноста за лизгање.

Меѓутоа, нема да погрешите доколку го пробате и ова задоволство, можеби ќе ви се допадне. Во најголем број на случаи, сепак водењето љубов под туш знае да биде напорно и не е сè како што изгледа на филмовите, но затоа е фантастична предигра за некое поудобно место каде не постојат опасности од лизгање и повреди.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>