Top
bride-and-groom

Лажни митови за бракот

Доколку наскоро планирате да стапнете на „лудиот камен“ треба да знаете дека не е сѐ толку страшно. Бракот може да биде навистина нешто прекрасно, само ако сте навистина подготвени. Постојат разни митови околу ова животно прашање, но еве кои од нив се лажни.

Мит 1: Никогаш веќе нема да почувствувате „пеперутки“ во стомак
Првиот бакнеж, првиот состанок и првиот секс кај сите предизвикуваат неверојатни силни емоции. Но, не значи дека тоа повеќе никогаш нема да се случи. Животот е преполн со подеми и падови, а токму тогаш кога ни е најтешко и кога ја почувствуваме љубовта која ни ја пружа партнерот, неговата прегратка и бакнеж, ќе се појават истите пеперутки. Истото се однесува и на среќни моменти.

Мит 2: Ќе станам домаќинка и дадилка
Готвењето и чистењето се составен дел на самостојниот живот. Ако мислите дека овие обврски ќе се зголемат кога ќе стапите во брак, се лажете. Сето тоа може да биде одлично организнирано со заеднички договор со вашиот партнер. Зедничкиот живот подразбира и поделба на обврските и одговорностите на два дела.

Мит 3: Мора да се откажам од пријателите
Бракот не значи дека вашиот животен сопатник е ваш единствен пријател. Точно е дека најмногу време ќе поминувате со својот партнер, но и тој може да биде дел од целокупниот социјален живот. Пријателите никако не смеете да ги заборавите, а на нивните средби ќе им се радувате многу повеќе.

Мит 4: Бракот ќе ги реши малите проблеми кои ги имавме додека бевме во врска и ќе не зближи
Проблемите кои сте ги имале додека сте биле во врска ќе останат и откако ќе се венчате. Бракот нема да ги реши несогласувањата, расправиите и недовербата. Единствено што може да направи е да ве поттикне повеќе да се трудите да ги решите проблемите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>