Top
lagi

Лаги кои можете да му ги кажете на партнерот без грижа на совест

Експертите велат дека неколку лаги можете да му ги кажете на својот партнер, иако на прв поглед се чини дека не е во ред.

„Во право си“
Овие зборови секогаш се функционални кога не се сложувате со партнерот, но и ако сакате да прекинете кавга која не води никаде. Иако на прв поглед се чини дека ова однесување е спротивно на интуицијата, експертите велат дека е многу ефикасно.

„Изгледаш прекрасно“
Универзален одговор на секое прашање поврзано за изгледот. Ова е ситуација во која секој бара поддршка и одобрување од партнерот.

„Те сакам повеќе од сѐ на светот“
Експертите велат дека ова е тип на лажење кое помага да се одржува љубовта во една врска. Во прашање се големи изливи на нежност кои можеби изгледаат нереални, но ги мотивираат другите чувства.

„Добро сум“
Постојат ситуации во кои сакате да го заштитите партнерот од стресот низ кој поминувате, затоа што знаете дека тој едноставно не може да ви помогне во таа ситуација.

„Те разбирам“
Важно е да го поддржувате својот партнер и во некои ситуации да ги делите неговите емоции. Кога ќе ви ја раскажува кавгата со неговиот пријател, покажете разбирање за него, дури и тогаш кога не се согласувате во целост со она што го зборува.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *