Top
kondomi

Кондоми за најголемо задоволство

Постојат неколку начини за спречување на несаканата бременост, а жените најчесто ги користат контрацепциските пилули и кондомите. Кондомите освен несаканата бременост, ги спречуваат и честите полово преносливи инфекции како кламидија, кандида, ХПВ. Благодарение на новите технологии и богатата понуда, кондомите можат да бидат ваш омилен сојузник за постигнување најсилен оргазам, бидејќи делуваат и како заштита и како сексуално помагало.

Кондоми без латекс
Латексот е материјал кој многу често предизвикува алергија и кај жените и кај мажите. Токму поради тоа, веќе се произведуваат кондоми кои не ја содржат оваа состојка. Оние кои ги пробале велат дека се удобни и тенки.

Кондом со поголемо подмачкување
Овие презервативи ќе им се допаднат на жените чии партнери имаат пребрза ејакулација. Тие се подмачкани со лубрикант во поголема мера, што ќе овозможи помало триење кај мажите и подолготрајно уживање за жените.

Кондоми со текстура – ребрасти кондоми
Кондомите со текстура може значително да зголемат уживањето. Нивните дискретни испакнатини овозможуваат посилна стимулација.

Кондоми со вкус
Овие кондоми кои имаат слатки и овопни вкусови ќе им се допаднат на оние кои кои сакаат да бидат орално задоволени.

Екстра сигурни кондоми
Ако сакате да бидете сигурни во заштитата во текот на целиот сексуален чин, користиете ги “extra safe” кондомите. Тие обично се подебели и на себе имаат повеќе лубрикант.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>