Top
iskrena zena

Колку е тешко да се биде со искрена жена?

Припадниците на посилниот пол тврдат дека искреноста е она што го бараат во спротивниот пол. Гласно ги критикуваат жените кои умеат да манипулираат и да премолчуваат. Но, кога навистина ќе се сретнат со искрена жена тие многу брзо сфаќаат дека искреноста не е таква каква што ја замислувале и барале. Искрените жени имаат незгодна навика да бидат брутално искрени буквално во се.

Искрените жени отворено зборуваат за своите чувства
Нивниот отворен настап многу пати умее да ги збуни мажите. За неверување е за нив колку лесно овие жени знаат да кажат што очекуваат и што сакаат од врската. Често пати им делува агресивно и засташувачки.

Искрените жени рушат ѕидови
Искрените жени знаат дека мажите ставаат кочница и умеат да креваат ѕидови високи како планина само за да се заштитат. Тие ги рушат ѕидовите кои мажите ги градат од страв и ги надминуваат границите кои мажите ги поставуваат.

Искрените жени немаат проблем со вистината
Колку и да е вистината болна, понижувачка или трагична секогаш ќе се слушне од устата на искрената жена. Свесни дека можат се да загубат и се да уништат искрените жени секогаш ќе ја изговорат вистината.

Искрените жени поставуваат незгодни прашања
Нејзините прашања може да бидат многу длабоки и премногу лични, а инаетливо ќе бара од вас да и го дадете одговорот кој го притискате длабоко во вас. Со незгодни прашања и тешки одговори искрените жени се на свој терен, а вие на „лизгав“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>