Top
seks

Која поза согорува најмногу калории?

Сексот е одличен начин да се справите со стресот. Освен тоа, и тоа како е корисен кога е во прашање одржување на формата на телото. За време на сексот, зависно од позата, се активираат речиси сите мускули на нозете, рацете и стомакот. Тајната на успешеното согорување на калории лежи во „жешкиот“ секс. Според сексолозите тогаш се согоруваат 150 калории за половина час, а „дивиот“ секс може да согори и 350 калории, што е еднакво на половина час трчање.
Една од позите која во најголема мера ги активира мускулите е традиционалната и добро позната мисионерска поза. Додека мажот е на својата партнерка, балансира со нозете и рацете истовремено. Тоа подразбира активирање на различни мали и големи групи на мускули, вклучувајќи ги и оние во делот на стомакот, притоа поттикнува согорување на калории.  Жената која на тој начин нема да постигне оргазам, треба да биде врз својот партнер, бидејќи на тој начин многу лесно ја контролира пенетрацијата и постигнува оргазам. Но, жените треба да научат да го контролираат својот оргазам и да се одржат врз партнерот колку е можно подолго, бидејќи на тој начин ги активираат мускулите на рацете, рамената и бутовите. Ако се позиционираат така што стапалата го допираат креветот или подот, на тој начин ги активираат сите мускули на телото.
Сексолозите велат дека сексот е ултимативна вежба на телото и се препорачува негово практикување 3-5 пати во работните денови и 2-3 пати за време на викендот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *