Top
Ljubovna-dvojka-iLike-mk

Koja e идеалната разлика во години меѓу партнерите?

Неодамна спроведено истражување, кое опфатило 3.000 испитаници, покажа колку е важна разликата во годините за долготрајност на врските, како и бракот. Истражувањето покажува дека колку е поглема разликата во годините толку е и поголема стапката на раскинувања односно разводи.

Имено, 5 години разлика во годините меѓу партнерите значи дека постојат 18 проценти поголема шанса за разидување во однос на партнери кои се со идентични години. Оваа стапка се зголемува на 39 проценти ако разликата е 10 години. А, дури шокантни 95 проценти ако партнерите ги делат 20 години.

Поголемата разлика во годините влијае и врз сексуалниот живот на брачната двојка. Психотерапевтот Френ Волфиш вели дека сексуалниот нагон се зголемува кај жените во средни години, додека кај мажите на таа возраст опаѓа.

Но, не е сè така црно! Доколку сте подолго заедно, помала е шансата за развод. Останете заедно барем 2 години и веќе ќе имате 43 проценти помали шанси за развод. Ако издржите до 10 години брак шансите за развод се намалуваат за цели 94 проценти.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *