Top
neodoliva_zena_iLike.mk

Кои особини ги прават жените неодоливи?

Што е тоа што жената ја прави убава? Всушност, убавината е во окото на набљудувачот. Луѓето кои на прв поглед изледаат убаво можат да ви станат сосема грди кога малку подобро ќе ги запознаете, додека некои личности за кои би кажале дека имаат просечен изглед ни се најубави на цел свет. Убавината не е само „фасада“ и не е нешто што може да се сведе само на генетиката. Начинот на кој жената се движи, разговара, држи до себе, начинот на кој зрачи одвнатре, искрата што ја поседува, сето тоа е убавината на жената. Таквите жени мажите можеби не ги забележуваат на прв поглед, но полека им се „пикаат под кожа“ со секој поглед со секој разговор. Следните десет особини ја прават неодолива секоја жена.

Нејзината страст ја дефинира повеќе од физичкиот изглед
Нема ништо поубаво од страстна жена. Жената која живее со полна пареа и која работи со голема страст вреди да ја запознаете.

Го покажува лицето и без шминка
Убавата жена не чувствува потреба да се крие поради своите недостатоци со помош на шминка. Таа ќе се нашминка поради себе, а не поради другите.

Не сака да биде во центарот на светот
Таа не сака по секоја цена да биде во центарот на вниманието. Го прави тоа несвесно, бидејќи поседува самодоверба и скромност, а тие особини го привлекуваат вниманието на другите, повеќе од „нападните“ гестови.

Знае да се изрази
Нема ништо полошо од девојка, која не е елоквентна и не знае да каже што мисли. Дамата која има свое мислење може да биде неверојатно привлечна и е доказ дека мозокот е најсилен афродизијак.

Самостојна
Жената на која не и е неопходен маж за да го живее својот живот е жена која е сигурна во себе. Самодовербата е вистинскиот клуч за убавината. На таквата жена не и треба одобрување од другите за своите постапки.

Мистериозна
Таа не отвара уста без причина и не ги открива своите тајни. Не е од оне кои зборуваат само за да го слушне својот глас. Нема ништо поинтригантно од жена обвиена со велот на мистеријата. Таа е полна со изненадувања и што повеќе ја запознавате, станува се поубава и поубава.

Сочувствителна
Не мисли само на себе, туку сочувствителна е и грижлива кон другите. Ќе се жртвува поради другите луѓе. Не крши срца, туку ги исцелува. Тоа е вистинска убавина кај секој човек.

Отворена е за нови предизвици
Убавата жена не знае за ограниченост. Отворена е за нови идеи, луѓе и места. Нејзината храброст и отворен ум се неверојатно привлечни.

Има душа
Сите знаеме што значи кога некој има внатрешна убавина. Постојат личности кои едноставно сјаат и во чија близина секогаш сакаме да се наоѓаме.

Го има „она нешто“ во себе
Оваа особина не може да се изрази со зборови. Таа поседува нешто, но тоа не може да се дефинира. Таа има квалитет, кој не можете да го објасните поради тоа што тоа никогаш во животот не сте го доживеале.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>