Top
ljubov

Кои хороскопски знаци се најопасни како партнери?

Овен
Ако во неговата глава тоа не е тоа, неверството се случува ненадејно и тоа не е реткост. Ако вистински се вљуби, Овенот сака со целото свое срце.
Љубомора: 75 %

Бик
Тие ги сакаат сигурноста и среќата што им ги носи цврстата и стабилна врска. Најчесто не се склони кон неверства и навистина се верни партнери. Искушението не им е никаков проблем, па најверојатно ќе му се спротистават. Љубомора: 65 %

Близнаци
Можеби сакаат да бидат верни и предадени, но навистина е тешко да се одолее на нивниот шарм. Кога не се во сериозна врска тогаш обожаваат да флертуваат, дури и кога не сакаат ништо повеќе од дружење, што често може да ја збуни другата страна. Кога вистински ќе се вљубат, припадниците на овој знак се трудат да му удоволат на партнерот и да бидат верни. Љубомора: 25%

Рак
Ако нивната врска е квалитетна и вредна да ја сочуваат и одржат, тие се предаден и верни до самиот крај. Со оглед на нивните прилично големи барања, цврстата врска во нивните очи може да се претвори во нешто што не е вредно за да се спаси. Ракот е верен само додека е среќен. Љубомора: 85%

Лав
Со вистинските зборови, Лавот може многу лесно да биде заведен. Тоа не значи дека ќе ја жртвува својата врска, туку дека ќе стави се на вага и ќе процени што повеќе му одговара. Има многу силно его поради што е многу тешко да го воодушевите. Љубомора : 80%

Девица
Девиците се доста верни и истото го очекуваат и од својот партнер. Овој знак во долга врска може да стане лабилен, посебно ако му се допадне нечие ласкање. Вообичаено многу тешко се вљубуваат. Љубомора: 40%

Вага
Припадниците на хороскопскиот знак Вага сакаат да експериментираат, а така е и во врската поради што може да се каже дека не се верни партнери. Уживаат во љубовта и авантурите и мошне е тешко да ги скротите. Ако некому тоа му успее, тогаш остануваат во врската среќни и вљубени. Љубомора: 50%

Скорпија
Скорпиите се познати како големи шармери и заводници што поради лукавите и избрани зборови, што поради силниот сексапил со кој зрачат. Склони се кон авантури и сакаат да испробуваат нови работи, но ако изберат животен партнер, тогаш целосно ќе му се посветат. Љубомора: 90%

Стрелец
Стрлецот е доста активен и популарен во друштво, поради што неговата верност не се споменува како добра особина. Сакаат стабилна врска, но од време на време подготвени се да си дозволат некоја авантура. Љубомора: 20%

Јарец
Јарецот цврсто стои на земја и не му се потребни никакви ласкања за да ги задоволи сопствените потреби. По природа е верен и предаден на својот партнер и истото го очекуваат и од него. Подготвени се да трпат за вистинската љубов. Љубомора: 30%

Водолија
Тие се непредвидливи љубовници кои што е мошне тешко да ги контролирате. Сакаат да си играат игри, поради што често „завршуваат“ во неверство. Во љубовта се несигурни поради што стануваат ранливи и склони кон експериментирање. Љубомора: 10%

Риби
Рибите се доста отворени и сакаат да „пливаат“ во друштвените и љубовните води. Врските им се долги и стабилни, а кога сакаат, сакаат искрено и тоа ќе го покажат со своите дела. Освен тоа, авантурите не им се непознати. Љубомора: 70%




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>