Top
kraj

Кавги кои укажуваат дека доаѓа крај на врската

Кавгите се вообичаен и нормален дел од секоја врска, но во дел од нив ниту љубовта нема да помогне. Доколку честопати се расправате со вашиот партнер за овие три работи, можно е на вашата врска да и се ближи крајот.

Околу сексот
Двојките кои се незадоволни од нивниот сексуален живот ретко се расправаат на оваа тема – поголемиот дел молчат и се обидуваат да ги поправат работите. Кога започнувате расправии со партнерот за секс, дали поради квалитетот или редовноста, раскинувањето е многу реална опција.

Околу комуникацијата
Комуникацијата во врската е од клучно значење, а кога станува толку лоша што постојано се расправате за тоа, јасно ви е дека работите станале многу сериозни. Кога станува збор за комуникација, двојките се караат најчесто поради недостатокот на труд во врската и повлекувањето во емоционална смисла.

За времето кое го поминувате заедно
Сосема е нормално, во подолга врска да поминувате помалку време заедно отколку на почетокот, а ако проблемот за заедничкото поминато времето станува почеста тема на расправија, раскинувањето може да биде во секој момент, најчесто затоа што едната личност едноставно повеќе нема потреба од другата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *