Top
ljubov

Карактеристики на совршениот маж

Секоја жена е посебна и има поинаков прототип на совршен маж. Без оглед на тоа што вие очекувате од господинот Вистински, за мажот да биде совршен треба да ги поседува овие карактеристики.

  • Секогаш е искрен
    Секогаш го кажува она што го мисли и никогаш не морате да ги анализирате неговите зборови, желби или потреби. Директен е, искрен, без намера да ве повреди. Никогаш не морате да размислувате за тоа какви му се намерите бидејќи тој ќе ви го покаже тоа со зборови и со дела.

  • Тој пораснал
    Самостоен е, сериозен, знае што сака во животот. Тој не е тип што целата плата ќе ја потроши на вечерното излегување, знае кои се вистинските вредности и се грижи за своите, но и за вашите потреби.

  • Има позитивен став
    Никој не може да биде во добро расположение 24 часа дневно и сите имаме стресни моменти. Но, мажот кој има позитивен став во животот и од секоја ситуација го извлекува она што е најдобро, ќе го направи вашиот живот полесен и посреќен.

  • Ве почитува
    Можеби не се согласувате во политичките или религиозните убедувања, но без оглед на спротивните мислења, она што не смее да изостане е почитувањето на вашите ставови и моралот.

  • Има доверба во вас
    Сосема е во ред мажот да покаже малку љубомора кога излегувате сами со другарките, но ништо повеќе од тоа. За врската да функционира добро, довербата мора да постои.

  • Подготвен е на компромис
    Не можете да бидете среќни во врската со маж што инсистира секогаш да биде по негово. Без оглед на тоа дали имате несогласувања околу изборот на телевизиската емисија што вечер ќе ја гледате или за купувањето нов стан, морате да пронајдете некој компромис за и двајцата да бидете задоволни.

  • Знае да ги цени вашите постапки
    Свесен е колку труд вложувате во вашата врска. Среќен е и благодарен што ве има покрај себе и се труди да ви го покаже тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>