Top

Какви жени најмногу сакаат мажите?

Прототип за идеална жена не постои бидејќи вкусовите на мажите се разликуваат. Анкетата која ја спровел еден британски портал, а која опфатила 2.000 мажи, покажала каков тип на жени најмногу ги привлекуваат мажите.

Анкетата содржела прашања во врска со бојата на косата и обликот на телото.

Боја на коса
Доколку мислите дека блондинките се сеуште во предност, се лажете, бидејќи овој пат бринетите се број еден. Дури 60% од мажите признале дека темнокосите девојки им се многу попривлечни од русокосите.
Третина сакаат бринети, третина црнки, блондинките се попривлечни за 29% од испитаните мажи, а само 8% се изјасниле дека црвенокосите убавици им се први на листа.

Слаби или жени со облини
Дека облините се уште во мода потврдуваат и овие статистички податоци бидејќи мажите не сакаат слаби девојки кои изгледаат како модели од модните писти туку преферираат жени со облини.
Околу 40% од мажите, за најпривлечни девојки ги сметаат оние кои носат конфекциски број од 40 до 44, на второ место се вистинските женски облини кои совршено им прилегаат на броевите 44 и 46, а само 10% сметаат дека совршената женска фигура е онаа која успева да влезе во конфекциски број 36 и 38.




1 Коментар

  • Кате Сталевска вели:

    Wow, конечно причина за кревање его и самодоверба кај нас девојки со облини. Камо почесто да гледаме вакви статии отколку од оние за комплекси набивање.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>