Top

Каков љубовник сте?

Експертите велат дека има шест начини на заљубеност. Сепак, вашиот љубовен занос може да се смени во текот на врската. Знаејќи го вашиот стил и карактер, ќе успеете да го најдете партнерот кој ви одговара. Тоа ќе ви помогне да имате пореални очекувања за љубовта.
Доколку сакате “платонска врска”, нема воопшто да се загрижите ако нема некои почести изјави на љубов.



Kаков тип на љубовник сте? Погледнете ја оваа листа и пронајдете го вашиот стил, а со тоа откријте како да ја направите вашата врска подобра и посреќна.

РОМАНТИЧАР
Сакате кога сте заљубени. Ништо повеќе не ве одржува во живот колку љубовта. Секогаш сакате сè да е под конец и да нема никаков проблем. Но, оние кои сакаат сè и се караат.
Запамтете дека љубовта не исчезнува туку-така и како што созрева врската, романсата не треба да исчезне. Планирајте прошетки, викенди, вечери, изненадете го партнерот со обичен подарок кој не го очекувал. Трудете се за да не исчезне романсата. Покажувајте ја љубовта во нормални граници, немојте да претерувате.

ОНИЕ СО КРИТЕРИУМ
Имате поставено критериуми кои партнерот мора да ги поседува и никако не се откажувате од нив. Дури и кога сте во врска гледате на тие критериуми како најважно нешто и постојано го притискате партнерот за тие работи.
Оставете ги критериумите. Со тоа само се преокупирате на нив и не обрнувате внимание на вашата врска. Најважното нешто е довербата, разбирањето, љубовта и силата на простувањето. Уживајте со партнерот и бидете среќни.

ОПСЕСИВЕН
Сакате целото време да го поминувате со вашиот партнер. Дури и кога сте во долгогодишна врска се плашите. Ваквото однесување понекогаш е неподносливо, а испадите може да го исплашат партнерот.
Оставете го притисокот на страна. Научете ги границите на доброто и не претерувајте со одредени работи. Здивнете, стрпете се и работите ќе бидат подобри.

ОНИЕ КОИ ПРЕМНОГУ ДАВААТ
Давате повеќе отколку што добивате. Постојано се трудите да ги задоволите потребите на партнерот, а вашите ги заборавате. Некогаш можеби ќе сфатите дека само вие вложувате.
Многу е важно да имате живот надвор од врската или од бракот. Имајте свои интереси, хоби, пријатели и време за оние работи кои сакате да ги правите без партнерот. Подоцна повторно ќе се забавувате заедно кога ќе раскажувате за интересните случки.

ИГРАЧ
Сакате често да флертувате. Лесно ви здосадува во врската и би се откажале од истата само за да си докажете дека сеуште сте посакувани.
Доколку сте во врска, избегнувајте ситуации кои може да ве доведат до афери. На пример немојте да одите на пијачка со згодната колешка од работа. Наместо да барате искушенија надвор од врската, зошто да не пробате во врската? Спортувајте заедно со партнерот, откривајте нови места, имајте секс каде знаете дека може да ве фатат. Доволно возбудливо, зарем не?

ВЕЧЕН ПРИЈАТЕЛ
Едноставно се плашите од љубов. Еден ден си помислувате “Поминувам доста време со Марија…” и наеднаш сфаќате дека сте вљубени во неа. Другиот ден почнувате да ја избегнувате.
Не се плашете, само опуштете се. Не се двоумете дали да ја бакнете вашата партнерка додека сте на прошетка, направете го тоа. Верувајте дека со мали дела ќе ја придобиете нејзината љубов и таа повеќе ќе ви ја покажува нејзината.

Автор: IVY

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>