Top
Kako-si-gi-unishtuvate-shansite-za-ljubov-iLike-mk

Како си ги уништувате шансите за љубов?

Кога човек доживува љубов, целиот свет се менува. Таа го поместува умот, ви ги менува емоциите, ве прави да бидете онакви какви што никогаш не сте биле. И тогаш на ред доаѓаат прашањата дали тој/таа е Вистинскиот/Вистинската? Дали сега е вистинското време? Да не е прерано? Конечно откријте зошто до сега ништо не ви успеа…

Ги уништувате добрите врски затоа што се плашите да се врзете
Престанете да бегате од личноста која е сигурна во тоа дека вредите.

Го/ја откачувате добриот дечко/мирната девојка затоа што не се доволно лоши и возбудливи
Кога тогаш ќе дојде денот кога ќе сфатите дека токму него/неа сте го/ja чекале целиот свој живот.

Дозволувате паметот да ви го совлада срцето
Колку и да е важно да се вложите со чиста глава, таа може да ве уништи. Дозволете им на работите да течат. Не го попречувајте текот на љубовта заради тоа што имате чудни и необјаснети стравови.

Се плашите од тоа што следува кога фазата на „меден месец“ ќе заврши
Никогаш не пробувајте да ги предвидите работите и да се плашите од предвиденото. Реалноста никогаш нема да биде иста со тоа што е во вашата глава.

Љубопитноста ја претворате во љубомора
Лајкот на Инстаграм и Фејсбук не е мерка за промискуитет. Љубопитноста за тоа што тој/таа прави во слободно време никогаш не треба да се претвори во аргумент за кавга.

Не можете да си ја оставите гордоста на прагот
Со самото тоа што егото го носите секаде со себе, наместо да го оставите пред прагот на врската, си ја уништувате секоја шанса за успех.

Плановите за во иднина ви се поважни од сегашноста
Толку сте загрижени за заедничката иднина што заборавате една клучна работа – сегашноста. Престанете да се грижите за она што допрва ве чека, може да го пропуштите она што ви е пред носот.

Си чувате резерва и покрај тоа што веќе најдовте некој/а совршен/а
Нели знаете дека резервата е најголемиот предуслов за неуспешна љубов?

Немате доволно доверба во самите себе
Ако уште во почетокот сте речиси сигурни дека нема да „издржите“ само со него/неа, тогаш зошто се врзувате? Пробајте да си верувате повеќе. Пробајте да ги следите инстинктите и емоциите. Ќе се изненадите колку лојални можете да бидете кога сакате.

Дозволувате другите да ви го моделираат мислењето
Ако вашата пријателка е изиграна, зошто тоа значи дека ќе ви се случи и вас? Ако вашиот пријател нашол промискуитетна девојка, зошто тоа значи дека и вашата е таква? Научете ги границите.

Од непозната причина, чувствувате дека едноставно сега не е „вистинското време“
Верувајте дека времето е вистинско тогаш кога вие ќе решите така. Зарем некогаш е прерано за среќа?

Никогаш не давате втора шанса
Зборуваме за малите препреки. Тие никогаш не се гаранција дека другиот се откажал или веќе не ве сака. Вдишете длабоко и пробајте повторно ако мислите дека вреди.

Не можете да се одвикнете од бившиот/бившата кој/а ненајавено се враќа во вашиот живот
Сериозно, ставете го крајот кој долго време го заслужувате.

Не сакате да се смирите заради мислата дека постојано можете да имате нешто свежо и ново
Верувајте дека пострашно е да се будите сами отколку со едната иста личност секое утро.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *