Top
te sakam

Како се кажува „ТЕ САКАМ!“ без зборови?

Не секој маж обожава да ги изговара зборовите „Те сакам!“, иако секоја жена сака да ги слушне од својот сакан. Ако не ви каже на глас, тоа не значи дека не ве сака, туку некои мажи едноставно тоа го прават без зборови.

ТОЈ ве сака ако:

  • Ве бакнува страстно и долго.
  • Неговите пријатели ве сакаат и почитуваат.
  • Има насмевка на лицето откако ве бакнал.
  • Ве слуша внимателно кога му зборувате.
  • Сака да ве држи за рака и притоа секогаш нежно ја стиска или милува.
  • Ви се јавува (или ви праќа порака) без некоја посебна причина.
  • Со вас е секогаш кога ви е потребен.
  • Никогаш не избегнува контакт со очи.
  • Секогаш ви дава значајни подароци, но тоа не се скапи подароци, туку она што знае дека ви се допаѓа. Со други зборови знае што сакате.
  • Спонтано ве допира. И кога сте сами и кога сте на јавно место, нема проблем да ве фати за рака или да ве гушне.
  • Ви се јавува само за да слушне како ви поминал денот.
  • Ви посакува „Добро утро“ и „Добра ноќ“.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *