Top
sreken_par

Како се караат среќните парови?

Не постои идеална врска. Бидете сигурни дека скоро сите парови се расправаат. Единствената разлика е тоа што среќните парови се расправаат паметно. Тие не се плашат да го кажат својот став и притоа да мислат дека врската ќе им пропадне.

Како се караат среќните парови?

• Не употребуваат навредливи епитети како кретен, глупава, идиот и слично. Се расправаат со аргументи, а не со навреди.

• Се фокусираат на сегашноста, односно се расправаат за актуелен проблем, а не за нешто што се случило пред месеци или години.

• Бараат компромис, а не виновник или победник во кавгата.

• Реагираат кога ќе се појави проблем, а не кога ќе ескалира.

• Признаваат кога не се во право, колку и да е тешко тоа.

• Знаат да се извинат и да прифатат извинување.

• Се почитуваат после расправијата и се сакаат повеќе, наместо да се замразат.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *