Top
mazh_i_zhena

Како повторно да се заљубите во сопругот?

Секој брак порано или подоцна се сретнува со одредени проблеми, бидејќи совршен брак не постои. Но сепак, и после многу време и случувања, може повторно да се заљубите во својот сопруг.

Простувајте
Некогаш добро е да ја покажете вашата смиреност и ранливост, бидејќи тоа ќе покаже колку многу ви е односот важен. Простете си еден на друг што сте дозволиле времето да ве прегзи и сте си го запоставиле односот, што сте биле избувливи, што сте си ги игнорирале меѓусебните потреби и чувства. Простете си за сè што ви е потребно за да си простите.

Изберете го партнерот пред работата
Секогаш на прво место ја ставате работата и кариерата? Имајте време еден за друг, потсетете се на работите што сте ги правеле заедно, што ве импресионирале и радувале. Поминувајте повеќе време заедно. На тој начин повторно ќе научите да си бидете пријатели, љубовници…

Не го споредувајте со други мажи
Никој не е совршен, ниту тој, ниту вие, ниту мажите со кои ги споредувате. Споредбата со други ќе го оддалечи вашето внимание од важни работи и од вредностите на вашиот партнер. Научете како да го сакате, онаков каков што е.

Верувајте му дека ве сака
Ако сакате вашата врска и бракот да успеат, онолку колку што сакате треба и да инвестирате напор. Можеби тој ви го кажува ова, но не му верувате затоа што ве разочарал. Ако сакате вашиот брак да успее, почнете да му верувате.

Тој мора да ви биде на прво место, а не децата
Ако бракот е среќен, децата ќе бидат уште посреќни. Колку и да ви звучи лудо дека бракот треба да ви е на прво место, а не децата, тоа еден ден ќе ви се удри од глава, оти да не бил бракот децата немало ни да постојат. Децата заслужуваат да живеат во семество со хармонија и среќа, а за тоа е потребен среќен и стабилен брак.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *