Ако имате чувство дека постои голема разлика во сексуалните потреби помеѓу вас и вашиот партнер, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат „Ме боли глава“ да се претвори во „Доаѓаш во кревет?“. Веројатно и вие имате пријателки кои признаваат дека не им е баш до секс и дека тешко им паѓа да ја исполнат оваа брачна должност. Тоа е така, бидејќи жените имаат обврски околу домаќинството, исхраната и децата. За вработена жена која има семејство денот трае навистина прекратко за да стигне да направи сѐ што треба. Тие жени едвај чекаат вечерта да легнат во кревет да спијат, додека нивниот сопруг чека акција.
Истражувањата покажуваат дека денес жените често се изложени на стрес, поради што не им е до секс. Зголеменото ниво на хормонот на стрес, кортизол, ја намалува желбата за секс. Но, оргазмот е чудесен природен начин за ослободување од стресот. Без разлика дали до него ќе стигнете сами или со својот партнер, тој овозможува одреден вид на физичко олеснување поради кои ќе се чувствувате подобро.
Вежбајте
Вежбањето го намалува нивото на стрес, го подобрува протокот на крв, дури и оној во пределот на гениталиите. Секое физичко движење има позитивен ефект, но јогата е онаа која помага во зголемување на сексуалната возбуда и влажноста за која сонува вашиот партнер. Јогата е голем борец против стресот, ја поттикнува хормоналнта рамнотежа, ги балансира умот и телото. Само два пати неделно, по еден час ќе ви донесе неверојатни резултати.
Побарајте да ве измасира
Допирот на кожата е одличен борец против стресот. Масажата на грбот ќе го намали нивото на стрес, а интимноста на чинот ќе ве зближи со партнерот. Таа масажа може да продолжи и на други делови од телото, што ќе ја разбуди желбата за секс.
Заокружете во календар
Иако ви звучи апсурдно, обидете се и со следново: денот кога планирате да имате секс заокружете го на календар. На тој начин, секојдневно ќе гледате во календарот и ќе размислувате на пример каква долна облека да носите, со што ќе ја зголемите физичката реакција.
Опуштете се и уживајте максимално во секоја минута нежност!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!