Top
odbivanje

Како ги одбивате мажите од себе?

Жените понекогаш го менуваат своето однесување за да им се допаднат на мажите. Но, понекогаш тоа има спротивен ефект. Затоа, постојат грешки кои треба да ги избегнете.

Не мислите на неговите емоции
Многу жени мислат дека мажите се првенствено сексуални суштества и дека ќе ги привлечат емотивно само ако прво ги привлечат сексуално. Но, токму спротивно, мажите ги гледаат емоционалниот и сексуалниот однос како два различни концепти.

Не го препознавате потенцијалот за врска
Жените често го гледаат потенцијалот за врска каде што не постои. Ако чувствувате силна привлечност, ќе ги игнорирате здравиот разум и инстинкти и ќе го предвидите фактот дека овој човек нема потенцијал за врска и никогаш нема да има. Важно е да умеете да ги препознаете знаците за предупредување, како што се лошото и агресивно однесување, недостаток на интерес, неверство, додворување на други девојки и слично.

Оставате впечаток дека сте несигурни
Дури и жените кои имаат најмногу самодоверба, понекогаш оставаат впечаток на несигурни и несамостојни лица на кои мажот им е неопходен, а тоа е нешто што мажите ги одбива и ги убива шансите за врска. Таков впечаток оставате со желбата за добивање внимание во јавноста, ако зборувате лошо за вашето поранешно момче и зборувате лоши работи за другите жени. Ако зборувате негативно за некое поранешно момче, зборувате негативно и за себе, а кога зборувате лошо за другите жени, ја истакнувате сопствената несигурност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>