Top
izneveruva

Како да препознаете дека ве изневерува?

Мажите најчесто избегнуваат решавање на проблеми во врската или бракот и се препуштаат на изневерување. Следниве неколку знаци ќе ви покажат дека тој ве изневерува.

Поминува помалку време со вас
Мажот кој изневерува често мора да наоѓа изговори како што се прекувремена работа, доцни состаноци, работни вечери и други обврски, за да има време да ѝ посветува на друга жена.

Нема нежност
Сексуалниот живот речиси и не постои поради неговите „други обврски“. Ако ве изневерува, тој нема да сака повеќе да се милувате, заедно да гледате филм или да покаже блискост на било кој друг начин на кој вообичаено го правел тоа.

Повеќе се грижи за својот изглед
Ако одеднаш почнува да купува нова гардероба, менува фризура или почнува да вежба, тоа е така затоа што сака да биде привлечен за други жени.

Промени во автомобилот
Совозачкото седиште е поместено, паднат римел или црвенило зад усни под седиштето, радио станица, која ниту вие ниту партнерот не ја слушате.

Тој е нервозен
Партнерот кој изневерува е нервозен поради чувството на вина кое е резултат на неверство. Тогаш се случува да да му сметаат нешта кои до тогаш не му сметале.

Промени во однесувањето
Кога го прашувате каде бил, тој најчесто зазема дефанзивен став. Дури може и се да сврти против вас и да ве обвини дека сте несигурни, посесивни или пак дека премногу се мешате во неговиот живот.

Чудно се однесува со телефонот
Ако повеќе не го остава вклучен мобилниот телефон додека е со вас, ако стави пасворд на телефонот, и ако има повици во текот на ноќта, несомнено е дека ве изневерува. Доколку имате пристап до неговата телефонска сметка, прегледајте ја и побарајте ги непознатите телефонски броеви кои се повторуваат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>