Top
osvojuvanje

Како да освоите независна жена?

Независните жени често ги сметаат за личности кои сакаат да нередуваат, а трвдоглавоста им е дополнителна карактеристика, токму поради тоа повеќето мажи „паѓаат“ на нив бидејќи мислат дека е тешко да ги „уловат“. Другата вистина е што оваа прецепција може да е точна до одреден степен, но истото не значи дека овие жени ги прават работите да изгледата покомплицирани со намера. Познато е дека мажите се „ловци“, а особено кога се работи за некоја жена која наликува на „недостижна“.

Откриј го карактерот на независната жена
Дајте и до знаење дека нејзината незaвисност ве воодушевува. На овој начин ќе оставите впечаток дека знаете точно што сакате и во што се впуштате, таа ќе го цени тоа. Уште поважно е да знае дека може да се потпре на вас за сѐ што ја загрижува и дека сте тука за сѐ што ѝ треба.

Водете ја
Кога е потребно да донесете важни одлуки покажете ѝ дека прво е важно нејзиното мислење. На тој начин ќе сфати дека заедно носите одлуки. Исто така ќе разбере колку сте способни да се грижите за другите. Ќе и покажете дека нејзиниот глас е важен во врската.

Бидете трпеливи
Понекогаш работите изгледуваат од контрола, но ако и вие ја изгубите контролата, тогаш сѐ ќе оди наопаку. Покажете трпеливост и однесувајте се кон неа со внимание. Обидете се да ја смирите ситуацијата, а покрај тоа и таа ќе се промени.

Дозволете вашата креативност да блеска
Независната жена сака кога партнерот е креативен и тоа го користи за да ѝ приреди изненадување или план за викенд. Секако, тоа нека биде во денови кога занете дека нема други обврски, бидејќи во спротивно изненадувањето ќе пропадне.

Покажете дека може да учи од вас
Незнависните жени сакаат кога може да споделат и да разговараат со партнерот на различни теми, а притоа и да научат нешто од него.
Зборувајте на теми што таа не ги познава, секогаш е поинтересно кога може да учите еден од друг.

Слушајте ја
Таа сака кога партнерот ја слуша и советува за она што има да го сподели. Сака да зборува со партнерот и да го праша за мислење и истото го цени. Затоа, потрудете се да ја ислушате кога има нешто да каже, не е потребно да ги решавате незините проблеми, но доволно е да ја ислушате и да помогнете да ги воочи грешките.

Може да сте ранливи, но бидете самоуверени
Секако дека и таа има свои стравови и несигурности, но нема едноставно и отворено да го покаже тоа. Токму со ова ќе имате можност да ја покажете и вашата ранлива или чувствителна страна. Не е потребно да претерувате, задржете ја вашата самодоверба, но покажете и дека ги разбирате нејзините чувства. Споделете ги и вашите стравови, на тој начин таа ќе види дека и покрај тоа што и двајцата имате лични проблеми, сепак сте еден покрај друг да ги надминете.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *