Top
dopir

Како да освоите маж во 3 чекори

Заведувањето е игра во која најважно е да го употребите вистинскиот мамец во вистинскиот момент. Ако сакате да станете заводничка и да го освоите мажот кој го сакате, постојат 3 основни правила кои ќе ве претворат во секси заводничка.

Глас
Нежен и невин, по малку опуштен и доминантен се бои на глас со кои жената може да заведе еден маж. Употребете го женскиот шарм и поиграјте си со гласот кој може да испрати многу јасна порака.

Невербални пораки
Движењата и допирите се најдобро оружје кога станува збор за заведувањето. Треба да бидете внимателни бидејќи претерувањето може да биде контрапродуктивно. Игра со косата и кожата, нанесувањето на кармин на усните или пак нежен спонтан допир на неговата рака или рамо се пораки со кои не можете да погрешите.

Поглед
Со погледот можете да ги откриете намерите многу полесно отколку со зборови. Ако ви се допаѓа некој што стои спроти вас, фокусирајте се на неговите очи, а кога ќе се сретнат вашите погледи бавно свртете го погледот на страна и ситуацијата зачинете ја со нежна насмевка. Станува збор за игра која ќе ја забележи секој маж.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *