Top
Couple Having Argument At Home

Како да ја спасите својата врска?

Секогаш кога ќе започнете кавга со партнерот, се кажуваат многу аргументи и лутина и двете страни престануваат да се слушаат и разбираат. Секоја страна се фокусира на тоа што има да го каже, но запрашајте се што би се случило ако најдеме само 5% од она со што се сложуваме?

Психотерапевтот и брачен советник Mel Schwartz, вели дека во својата кариера видел многу врски и бракови кои се распаѓаат поради кавга, недоразбирање и недостаток на волја да се слушне мислењето на другиот. И покрај тоа тој успеал да ја пронајде формулата која може да ги смири и најлутите партнери.

Неговиот предлог за партнерите е следен: „Дали можете да најдете најмал процент со кој би сте се сложиле со она што го говори вашиот партнер? Ајде да побараме само 5% од она што можеме да го признаеме и привремено да отфрлиме 95% од она за што сте уверени дека греши“.

Луѓето имаат обичај сето тоа да го тргнат на страна и да го игнорираат бидејќи се фокусирани на „битката“. Нашите мисли се во потрага да побијат, а не да потврдат пред да успеат да разберат. Ако се ослободиме од таа луда цел да победиме во секоја арументација и да се обидеме да најдеме нешто со што ќе се сложиме, резултатите ќе бидат изненадувачки.

На крајот, ако се обидувате да „победите“ тогаш се надевате дека вашиот партнер ќе „изгуби“. Што мислите, како тоа делува на односот? Кога другата страна ќе почувствува дека ја слушате и разбирате и дека постои нешто со што се служувате и кај неа ќе постои волја да ве сослуша.

Не можете да кажете „Да, но…“ бидејќи тоа е процес на поништување. Наместо тоа потврдете нешто, застанете и покажете дека сакате да ја разрешите ситуацијата, а не само да победите. Тоа што потврдувате 5% не значи дека го напуштате својот став во врската, туку едноставно поставувате темели за да го разрешите проблемот. Ова правило или подобро кажано процес овозможува да покажеме дека ни е важен партнерот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>