Top
conflict in young people couple relationship outdoors

Како да дознаете дали ве сака?

Секој очекува да добие безусловна љубов, токму онаква каква што подарува и самиот тој. Но, многу често се случува токму спротивното. Тој само ви кажува дека ве сака, но никако не го докажува тоа, повеќе не постои почит, а повеќе време поминува со своите пријатели, отколку со вас. Во ваков случај, престанете да се залажувате дека сѐ е во ред и дека ве сака, и проверите дали вистински ве сака. Доколку не ве сака, тогаш време е да си заминете.

Психичко малтретирање
Партнерот воопшто не се воздржува и ве посрамотува јавно, пред вашето семејство, пријатели или пак на само. Тој ве навредува, ги упропастува вашите планови и идеи, крева рака над вас, ви се заканува, ве критикува или ве споредува со другите жени.

Наоѓа изговори
Иако подолго време сте заедно, наоѓа секакви изговори само за да не се запознае со вашите најблиски. Тоа значи дека одбива да има сериозна врска со вас. Кога ќе дојдете до тема брак или семејство тој ја избегнува темата или наоѓа изговори.

Воопшто не е заинтересиран за вашите потреби
Сигурно и вие би сакале вашиот партнер да земе учество во вашите активности или пак доволно е само да ве поддржи. Но, наместо тоа, тој се грижи само за своите активности и комплетно ги игнорира вашите потреби. Тој не верува или не ве поддржува во вашите цели и успеси.

Лаже
Доколку ве лаже со изговор дека „се плаши од вашата реакција” или пак „не сака да ги повреди вашите чувства”, тоа е само изговор. Ако вашиот партнер навистина ве сака тој ќе ви ја каже вистината. Тој би ве почитувал доволно за да ви ја каже вистината. Подобро да ве види повредени од вистината отколку повредени од лагата.

Ги избира сите други пред вас
Најголем дел од своето време го поминува со пријателите, а малку време со вас. Секој може да ви каже дека ве сака, но треба и да го докаже тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>