Top
neverstvo

Јасни знаци кои покажуваат неверство

Кога станува збор за врските, неверството од партнерот е нешто што најчесто не се простува. Проблемот може да дојде дури и кога се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува, но не можете да го докажете тоа. За среќа, телото зборува за нас повеќе отколку што мислиме, па дури и во овој случај. Ако вашиот партнер крие нешто, ќе можете тоа да го прочитате од неговиот став и однесување.

Немате пристап до неговиот телефон
Ако вашиот партнер изреагира бурно веднаш штом ќе се доближите до неговиот телефон, тоа би можело да биде знак за да ве изневерува. Истото важи и ако го остава телефонот на местото каде што не можете да го видите, односно го крие.

Нервозен е кога зборувате за некоја личност
Ако мислите дека вашиот партнер ве изневерува со некоја личност која ја познавате и која е дел од неговиот живот, и ако вашиот партнер станува напнат кога зборувате за таа личност, тоа може да биде добар знак дека ве изневерува. Обрнете внимание на неговото однесување кога е во близина на личноста за која се сомневате.

Затворен е за вас
Луѓето кои изневеруваат се затворени за нивните партнери. Можно е да се чувствуваат лошо, поради тоа и нивниот јазик на телото е затворен за нивниот партнер. Лицето кое изневерува најверојатно ќе создаде и ќе задржи растојание, помалку ќе ве допира, и помалку ќе биде во ваше друштво.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>