Top
Izlezete_od_losha_vrska_vo_3_chekori_iLike_mk

Излезете од лошата врска во 3 чекори

Поранешниот дечко е поранешен со добра причина. Ако размислувате за својата љубов и забележите дека постојат одерени типови на луѓе со кои започнувате љубовни врски, можеби е време да го смените однесувањето за да постигнете стабилен и долгорочен однос.

ФОКУС
Концентрирајте се на особините кои Ве привлекуваат кај мажите/жените. Потоа, проучете во која мера Вашиот поранешен партнер ги поседува овие карактеристики. Направете и попис на особините кои што не Ви се допаѓаат и кои Ве довеле до пропаст.

ИНТРОСПЕКЦИЈА
Љубовната врска е комплексен однос кој што го сочинуваат две личности. Ако сметате дека идеалниот дечко треба да ги исполни Вашите очекувања, истото важи и за Вас. Во своето однесување рефлектирајте ги оние доблести кои ги сметате за важни.

ВНИМАТЕЛНО БИРАЈТЕ
Направате список на десет добри особини кои мора да ги има Вашиот следен избраник. Подгответе се за акција. Обрнувајте внимание на потенцијаниот при првите излегувања. На пример, ако вам Ви е важно неговото однесување колку е пристоен забeлежувајте го неговото однесување кон Вас, келнерите начинот на кој јаде и како разговара со пријателите. Не донесувајте одлука веднаш, испланирајте барем две излегувања како би биле сигурни дека сте направиле вистински избор.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>