Top
par_razgovor

Избегнете го стресот во врската

Во никој случај не смеете да дозволите стресот да го уништи она што го имате со партнерот. Доколку сметате дека откако ќе се вратите дома од работа, треба да одработите уште една смена, односно да комуницирате со партнерот, несомнено треба да ги примените следниве совети за да го отстраните непотребниот стрес во врската.

Разговарајте
Ако имате здрава и нормална врска, тогаш би можеле да разговарате со вашиот партнер речиси за било која тема. Кажете му што ве мачи и решете го тоа за да ви биде подобро и вам и нему.

Престанете да очекувате сценарија од филм
Опуштете се и препуштете се на магијата на врската без никакви очекувања. Тоа е единствениот начин да ја забележите и најмалата ситница што вашиот партнер ја прави за вас.

Признајте кога сте виновни
Не дозволувајте вашата гордост да уништи нешто прекрасно, нешто што е полно емоции. Кога не сте во право, едноставно признајте и помирете се со тоа. Човечки е да се греши.

Имајте разбирање едни за други
Никој не може да биде прекрасен секој ден. Токму поради тоа научете да имате разбирање за вашиот партнер и објаснете му дека тоа ви треба и вам.

Направете список на работи што ве опуштаат
Размислете што ве прави најмногу среќни и опуштени, без разлика дали се тоа ритуали што ги правите со партнерот или самите. На секој од нас му треба издувен вентил, како и доза на мир и смеа. Не занемарувајте ја важноста на таквите работи.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *