Top
gotvenje-i-vino

Идеи за заедничко уживање со партнерот

Откако добиете принова или имате премногу обврски на работа, кога ќе дојде ноќта  веќе сте уморни сте и паметот ви е само во спиење. Но, секогаш мора да најдете време кое ќе го поминете со партнерот. Времето кое ќе му го посветите во текот на вечерта ќе ве зближи и опушти.

ЗАЕДНО ГЛЕДАЈТЕ ФИЛМ
Без разлика дали станува збор за игран филм или неговата омилена серија, нема да згрешите. Еден ден во неделата поминете го прегрнати пред телевизорот. Ако повеќе од една недела не стигнете да уживате во оваа заедничка активност, надоместете го тоа во следната. Не заборавајте ги пуканките.

ИГРАЈТЕ ДРУШТВЕНИ ИГРИ
Малку натпреварувачки дух е здрав за љубовната врска или бракот, а најважно е да се забавувате додека играте некоја игра за која се потребни двајца.

РАЗГОВАРАЈТЕ И НАПИЈТЕ СЕ ЧАША ВИНО
Исклучете го телевизорот, компјутерот и мобилните телефони. Наточете си по една чашка вино и разговарајте како сте го поминале денот, доверете му се, дајте му комплимент или пофалете го. Прашајте го како поминал на работа или кога ќе играат фудбал со другарите.

ГОТВЕТЕ ЗАЕДНО
Заеднички подгответе вечера. Научете го како се подготвува вашето и неговото омилено јадење. Потоа уживајте заедно во вечерата, секако со чашка вино.

ВОДЕТЕ ЉУБОВ, МАЗЕТЕ СЕ ИЛИ САМО БАКНУВАЈТЕ СЕ
Физичката блискост или размената на нежности е едно од најважните нешта во одржувањето на врската, а тоа не мора да биде секс. Ако сте уморни, можете само да се мазите или бакнувате. Препуштете се на уживање и потсетете се зошто сте се заљубиле токму во него.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *