Сигурно прво помисливте дека тоа е Близнакот, но сте погрешиле.
Резултатите од едно неодамнешно истражување, покажуваат дека апсолутен шампион во изневерување е Стрелецот. Многумина ова ги изненадува бидејќи Стрелците имаат репутација на многу лојални и верни партнери. Токму поради тоа нивните причини за неверство никогаш не се површни. Истражувањето покажало дека Стрелецот не изневерува поради сексуално незадоволство, туку исклучиво ако е во лоша врска во која не е среќен.
Интересно е дека страстните Скорпии согласно резултатите од ова истражување се на последно место на скалилото на оние кои изневеруваат. Имено тие и „не стигаат“ да ги изневерат своите партнери бидејќи често нагло ги оставаат поради потенцијалната нова љубов која веднаш сакаат да ја реализираат.
По природа Стрелецот е многу лојален и често е тој кој е изневерен, но кога ќе почувствува дека не го почитуваат и дека потполно е запоставен во врската, од лутина почнува да размислува за тоа дали постои за него некој подобар. Инаку е многу сталожен и спремен за конструктивен дијалог, но по неверството кај него може да се забележи зголемен „интерес“ за конфликт и кавги кои не водат никаде. На тој начин ја манифестира грижата на совест кој го обзема поради неверството.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!